јуни 14, 2023

Крводарителска акција по повод 14-ти јуни- Светски ден на крводарителството

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Здружението “За Наше Куманово” на ден 14.06.2023 (среда) организираше крводарителска акција.
Крводарителската акција која се организира по повод 14- ти јуни- Светски ден на крводарителството се спроведе во просториите на поранешен Комитет од 09-15 часот под слоганот „Дарувај крв, спаси живот“.
Граѓаните на Куманово кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост и несебично се одзваа на повикот за дарување крв при што вкупно беа собрани 64 крвни единици. 🅰️🆎🅱️🅾️.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+5
 
 
 
< врати се назад