јуни 9, 2022

Крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, по повод Светскиот ден на крводарителството на ден 09.06.2022 (четврток) организираше граѓанска крводарителска акција. Акцијата се спроведе во Хотел Солун-поранешен клуб на армиски и полициски ветерани од 09-14 часот.
На оваа акција се приклучија и членовите на Унија на жени на ВМРО- ДПМНЕ ОК Куманово кои уште еднаш ја покажаа хуманоста и несебично се одзваа на повикот за дарување крв при што вкупно беа собрани 31 крвна единица.
< врати се назад