јануари 30, 2024
Крводарителска акција во Риболовно здружение „МАК-ДАМ
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Куманово во соработка со Риболовно здружение „МАК-ДАМ“ и Институтот за трансфузиона медицина на ден 30.01.2024 (вторник) од 10-17 часот, спроведе крводарителска акција. На оваа акција уште еднаш е покажана хуманоста на членовите од риболовното друштво како и други хумани граѓани кои несебично се одзваа на повикот за дарување крв и притоа беа собрани рекордни146 крвни единици.