јули 29, 2022

Крводарителска акција во СДСМ Куманово

На ден 28.07.2022 година од 9-15 часот во организација на политичката партија СДСМ Куманово, Црвен крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина Скопје се спроведе крводарителска акција. 
Членовите на СДСМ Куманово се заблагодарија на Црвен крст Куманово за организацијата и упатија апел до граѓаните почесто да има иницијативи за дарување на крв бидејќи дарувањето на крв спасува живот.
На денешната крводарителска акција својата хуманост на дело ја покажаа вкупно 37 крводарители.
< врати се назад