март 14, 2024

Крводарителска акција – Коледарски клуб Куманово

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово во соработка со Коледарски клуб Куманово и Институт за Трансфузиона медицина на ден 14.03.2024 (четврток) од ⏰ 09-14 часот организираше крводарителска акција.
Акцијата беше спроведена во просториите на Коледарскиот клуб. Граѓаните уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и притоа беа собрани 33 крвни единици.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад