февруари 25, 2026

Крводарителска акција со Извидници Куманово

📅 На ден 24.02.2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираше крводарителска акција во соработка со Извидници Куманово.

👏 Благодарение на нивната хуманост и одговорност, беа реализирани 14 крводарувања, со што дадоа значаен придонес во обезбедување на потребните крвни резерви.

🙏 Голема благодарност до сите извидници и крводарители за учеството и поддршката на оваа хумана акција.

🩸 Заедно градиме похумано и посолидарно општество.

Tags:
< врати се назад