
февруари 27, 2026
Крводарителска акција во ООУ „Перо Наков“
На ден 26.02.2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, реализираше крводарителска акција во ООУ „Перо Наков“.
Благодарение на хуманоста и одговорноста на дарителите, беа реализирани 28 крводарувања, со што дадоа значаен придонес во обезбедување стабилни крвни резерви.
Голема благодарност до сите крводарители и до училиштето за поддршката и успешната соработка.


< врати се назад











































