
ноември 19, 2026
Крводарителска акција во с. Опае
Денеска во просториите на џамијата во с. Опае
, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и ЦКРСМ – Општинска организација Куманово ![]()
, се одржа крводарителска акција. Настанот протече во хумана и организирана атмосфера, со одѕив на дарители кои со својот чин придонесоа за обезбедување неопходни резерви крв за оние на кои им е најпотребна. ![]()
Благодарност до сите крводарители кои ја покажаа својата хуманост на дело
. Секоја капка крв е надеж за нов живот!













































