февруари 15, 2023

Меѓугенерациско дружење по повод денот на љубовтa и виното

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Здружение на пензионери и ЈОУ Дом за стари лица ,,Зафир Сајто‘‘ од Куманово по повод 14-ти февруари (св. Валентајн и св. Трифун) денот на љубовта и виното, во просториите на општинската организација на Црвен крст Куманово на ден 15.02.2022 година организираа заедничко традиционално меѓугенерациско дружење. Настанот беше организиран со рецитаторски и актерски точки однапред подготвени од волонтерите и членовите на здружението, а поголемиот дел беше проследен и со играње, пеење и забава.

< врати се назад