
август 24, 2026
Мерење на шеќер во крвта и притисок
![]()
На ден 12 август нашите волонтери излегоа на терен, на најпроодните локации во центарот на градот, со цел да имаат успешна активност. Младинците измериа крвен шеќер и притисок на 80 лица и случајни минувачи на Плоштадите „Нова Југославија“ и „Јоси Броз Титио“. Освен тоа младинците објаснуваат за важноста и превенцијата од крвниот шеќер и притисок, како и тоа кои последици можат да се добијат со нивно намалување или зголемување.
![]()
Дополнително, младинците објаснуваат и за отворање на Дневниот центар за активно стареење при ООЦК Куманово. При што постарите лица ги мотивираат да се пријават во нашиот дневен центар, со цел да поминат убаво- исполнето време.















































