октомври 25, 2019
Месец на борба против трговија со луѓе
Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово по повод одбележување на месец октомври, месец на борба против трговија со луѓе, во ООУ, ,Толи Зордумис,, и ОСТУ “Наце Буѓони”, организира едукативни работилници на тема,,Младите во борба против трговија со луѓе”. Предавањата имаа за цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои младите можат да бидат вовлечени во ланецот на трговијата со луѓе и нивна самозаштита. На работилниците присуствуваа вкупно 60-тина ученици и наставници. Предавањата ги одржа нашиот врснички едукатор – Ивана Стојановска