Недела на борба против туберкулоза
Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово се приклучи кон одбележување на Неделата на борба против туберкулоза која оваа година се одбележува од 14-21 септември 2021 год. На ден 20.09.2021 во просториите на Црвен крст Куманово, се одржа едукативно предавање за Превенција од Туберкулоза, под мотото “Време е за свет без туберкулоза”. На истата присуствуваа 15 членови на клубот на млади. Целта на оваа едукација беше да се едуцираат младите за тоа што претставува болеста туберкулоза, кои се симптоми на болеста, како да се превенира и како да се лекува. Преку ова предавање успеавме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.