септември 28, 2021

Обезбедување на “MOTO ROCK FEST”

На ден 25.09.2021 година во организација на MK Bears Macedonia од Куманово на спортскиот Аеродром Аџи – Тепе во близина на Куманово се одржа “MOTO ROCK FEST”. Општинската организација на Црвен крст Куманово со свој тим од парамедици и волонтери обучени за прва помош асистираа во правилна примена на пропишаните мерки и протоколи за заштита на здравјето на луѓето во случај на пандемија како и проверка на сертификати за вакцинација на присутните гости на фестивалот.

< врати се назад