![](https://www.crvenkrst-kumanovo.org.mk/wp-content/uploads/2022/10/310564557_714252260027482_5616454506482576485_n-1000x560.jpg)
октомври 11, 2022
Обезбедување на велосипедска трка “Трофеј 11-ти Октомври”
Волонтерите од Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово, во чест на 11 Октомври- Ден на народното востание на ден 11.10.2022 година се вклучија во обезбедување прва помош на традиционалната велосипедска трка “Трофеј 11-ти Октомври”. Настанот е во организација на Општински совет за безбедност во сообраќајот, Училишен спортски сојуз, Општински Сојуз на Спортови и Вело-М и истиот заврши без посериозни повреди.