јуни 6, 2022

Обезбедување прва помош на Меѓународна велосипедска трка

На ден 05.06.2022 година, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово, се приклучија во обезбедување прва помош нa Меѓународната велосипедска трка, која е прва од највисок ранг-C1. Настанот се спроведе во организација на Велосипедскиот клуб “Кросс Сајклинг Тим”- Куманово под покровителство на Градоначалникот, Советот на Општината и во соработка со Општински сојуз на спортови и истиот заврши без повреди

< врати се назад