февруари 3, 2024

Обезбедување прва помош на планина и учество во планинарска акција до Карпино

На ден 03.02.2024 година (сабота) со почеток од 09:00ч, пет волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово, се приклучија во обезбедување прва помош нa планинарска акција, но и зедоа учество во истата. Оваа активност беше во организација на ЗПЗП Козјак Куманово, на која што учество зедоа и ученици и професори од средни и основни училишта од Куманово. Крајната цел на планинарската активност беше манастирот Карпино, каде што сите присутни имаа можност да одморат, да се фотографираат, но и да се потсетат преку кратка обука од страна на планинарите за користење на планинарска опрема, поставување на шатори, врзување на јазли, ориентација во шума, како и општо однесување на планина. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад