февруари 28, 2022
Обука по прва помош за волонтери
Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово на 10 февруари 2022 година, започна со обука по прва помош на 20 волонтери од клубот на млади. Обуката ја спроведува демонстраторот Филип Кузмановски со асистенција на веќе обучен волонтер. Истата е предвидена да трае 3 месеци, и се одржува два пати неделно и тоа во вторник и четврток од 11ч и 13.30ч во просториите на општинската организација.
Преку обуката волонтерите ќе имаат можност да се запознаат со тоа што претставува првата помош, општи постапки со повредени, основно срцево- белодробно заболување, крварење и шок, затворени и отворени повреди, скршеници, техники на преврска како и транспорт и нега на повреден.