јули 24, 2025

Обука за реалистично прикажување на рани и повреди

Во период од 19.07-21.07.2025 година во Струга, во организација на Црвениот крст на Република С. Македонија се одржа обука за шминкери за реалистично прикажување на рани и повреди, на која учество зема еден претставник од Црвен крст Куманово.

Нашата волонтерка Илина Станковиќ на обуката се стекна со потребните знаења и вештини за автентично и реалистично прикажување на широк спектар на повреди и рани.

Со оваа обука уште повеќе ќе се зајакнат капацитетите на Општинската организација на Црвен крст Куманово при организирање на натпревари по прва помош, како и симулациски вежби.

< врати се назад