ноември 17, 2022

Обуки по Прва помош во рамките на кампањата ,,Првата помош спасува живот‘‘

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во изминатиов период активно спроведува обуки по прва помош во рамките на Кампањата по прва помош ‘’Првата помош спасува живот‘‘.
Обуките ги опфаќаат основните и средните училишта на територија на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Спроведени се 10 обуки во 10 основни и средни училишта и едуцирани се вкупно 1114 ученици.
Благодарност до училиштата за нивната соработка, како и благодарност до нашите едукатори кои ги спроведуваат предавањата. Продолжуваме понатаму се до исполнување на нашата цел да се опфатат што е можно повеќе младинци кои ќе се стекнат со основните вештини на згрижување и дејствување, затоа што ,,Првата помош спасува живот‘‘.
< врати се назад