октомври 1, 2026

Од планинските врвови до врвот на хуманоста

📢Денес, 29 септември 2026 година, во просториите на Општинската организација на Црвен крст Куманово, се одржа крводарителска акција во организација на Планинарскиот спортски клуб „Поларис“ – Куманово. 🏔️🩸

⏰Акцијата се реализираше во периодот од 10:00 до 15:00 часот, а на неа својата хуманост ја покажаа 23 крводарители. ❤️

📣Оваа акција уште еднаш покажа дека планинарскиот дух не се состои само во освојување на врвови, туку и во хуманост, солидарност и подадена рака кон оние на кои им е најпотребна. 🤝🏔️

📌Голема благодарност до сите крводарители кои денес одвоија дел од своето време и со својата хуманост придонесоа во оваа благородна акција. 👏

🏔️ Хуманоста е највисокиот врв што можеме да го освоиме! ❤️

< врати се назад