мај 12, 2022

Одбележан 8-ми мај- Светски ден на Црвениот крст

На ден 12.05.2022 под мотото “Биди човечен” во склоп на Неделата на Црвениот крст, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово го одбележа Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. 🎉🏥
🍀 На настанот имаше поставено информативен штанд како и пункт за прва помош каде што нашите обучени волонтери на случајните заинтересирани минувачи им покажуваа најчести повреди кои што можат да се случат во секојдневието. Исто така беше поставено и пано со слики од нашите активности во текот на изминативе неколку месеци. На најмалите им се делеа балони 🎈од страна на наши волонтери, а исто така на граѓаните им се делеа флаери каде што на кратко беше објаснето како работи Црвен крст.
< врати се назад