март 8, 2022

Одбележан 8-ми март- Интернационален ден на жената

Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово по повод Меѓународниот ден на жената 8–ми Март организираше низа осмомартовски активности
– Во текот на изминатата недела младите волонтери од училишните клубови по изработуваа честитки и колачиња. На 8 ми Март на фреквентни локации во градот на припадничките од понежниот пол им подаруваа цвеќиња, честитки и колачиња притоа честитајки им го денешниот празник.
– Вработените од стручната служба учествуваа на турнир во пикадо кој беше организиран во чест на денот за жената. Преку турнирот организиран од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот се истекна локалната поврзаност во сите активности што се преземаат во зголемување на безбедноста на заедницата, домот и семејството, а пред се за безбедноста на младите.
< врати се назад