февруари 14, 2022

Одбележан денот на љубовта и виното

Волонтерите од Црвен крст на Република С. Македонија – општинска организација Куманово во соработка со Здружение на пензионери од Куманово по повод 14ти февруари (св. Валентин и св. Трифун) денот на љубовта и виното, во просториите на Здружението на пензионери организираа заедничко традиционално меѓугенерациско дружење. Настанот беше организиран со рецитаторски и актерски точки однапред подготвени од волонтерите и членовите на здружението, а поголемиот дел беше проследен и со играње,пеење и забава.

< врати се назад