март 19, 2024

Одбележување на 17 Март- Ден на основањето на Црвениот крст и Ден на крводарителството во Република Северна Македонија

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 18.03.2024 година, по повод 79 години од денот на основањето на Црвен крст како и денот на крводарителството во РСМ организираше свечена манифестација за доделување јубилејни награди и признанија на најдобрите крводарители во 2023 година.
Манифестацијата се одржа во Центарот за култура Трајко Прокопиев. На настанот свое обраќање имаше Претседателот на Општинската организација Куманово Д-р Нухи Јусуфи, кој истакна дека ова е начин да им се одаде признание на сите лица кои несебично ја докажуваат својата хуманост. По ова следуваше доделување на благодарници и награди на повеќекратните крводарители за јубилејни крводарувања од 5, 10, 25, 50 и 75 пати. Признание за 75 пати дарувана крв доби Иван Петрушевски, а за 50 пати им беше врачено признание на Горан Апостоловски, Дејан Димитриевски, Драгољуб Добревски, Влатко Јакимовски, Горан Јовановски, Горан Петковски, Бобе Јовановски и Дејан Петковски. 
Во знак на благодарност за унапредување и поддршка на крводарителството, Секретарот додели благодарници и за организаторите на крводарителски акции и тоа: СВР Куманово, ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РСМ – Куманово, Армија на Република Северна Македонија – Команда за операции, Риболовното здружение МАК-ДАМ и на повеќе средни општински училишта. По завршување на манифестацијата за сите присутните имаше организирано и пригоден коктел.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад