
Oдбележување на Европскиот ден на борба против трговија со луѓе
На 19.10.2026 година, во просториите на Црвениот крст – Општинска организација Куманово
, по повод 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе
, се одржа информативно-едукативна работилница на тема „Борба против трговијата со луѓе“ ![]()
.
Активноста беше наменета за млади од основните и средните училишта ![]()
и волонтери на ООЦК Куманово ![]()
, со цел подигнување на свеста за ризиците од трговијата со луѓе
, начините на регрутирање и експлоатација, како и препознавање на опасностите при комуникација со непознати лица, особено преку социјалните мрежи ![]()
.
Во рамки на работилницата беше проследен и филмот „Трговија“, преку кој учесниците имаа можност подетално да се запознаат со проблематиката на трговијата со луѓе и последиците од оваа појава. ![]()
![]()
Со ваквите активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово продолжува да придонесува кон информирање, едукација и заштита на младите од трговијата со луѓе. ![]()
![]()
Заедно за побезбедна иднина! ![]()


















































