март 8, 2024
Одбележување на Неделата на борба против ракот
Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово во рамките на традиционалните активности ја одбележа Неделата на борба против ракот 01-08 март 2024 година. По повод Неделата која е под мотото “Раната детекција спасува живот”,Општинска организација Куманово организираше 5 едукативни работилници од кои една во Здружение на пензионери Куманово и 4 во просториите на Црвен крст Куманово со членовите и волонтерите на Општинската организација Куманово.
125 учесници беа едуцирани како може да се намалат ризиците од развој на карцином со едноставни превентивни мерки и промена на животните навики посебно кај младата популација како што се здрава исхрана и одржување на нормална телесна тежина, практикување на физичка активност, престанок со пушење, конзумирање на алкохол, умерено изложување на сонце и слични навики кои треба да ги усвоиме во секојдневното живеење.
Како дополнителна активност од страна на младите, на ден 07.03.2024 година (четврток) по повод Недела на борба против рак 1-8 март, волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово заедно со учениците од училишните клубови на ООУ “11 Октомври’’, ООУ “Браќа Миладиновци’’, Гимназија “Гоце Делчев’’, ОСТУ “Наце Буѓони’’, поделија 300 картички со панделки и ги повикаа професорите и останатите ученици да се приклучат во оваа активноста и дадат поддршка на најхрабрите борци.