март 26, 2024
Одбележување на Светскиот ден на борба против туберкулоза
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во рамките на традиционалните активности го одбележа Светскиот ден на борба против туберкулоза која се одбележува на 24 март, 2024 година.
Во рамките на светскиот ден на борба против туберкулоза , под мотото “Да! Можеме да ставиме крај на ТБ„ Општинска организација Куманово организираше 1 едукативнa работилницa во просториите на на Црвен крст на РСМ – Oпштинска организација Куманово на 25 учесници. Исто така волонтерите од Клуб на млади подготвија рачно изработен постер на организирана креативна работилнница и истиот беше споделен на социјалните мрежи за важноста од навремена превенција и рана дијагностика на туберкулозата.