октомври 5, 2023

Одбележување на 1-ви октомври – ”Меѓународен ден на старите лица”

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово по повод Одбележување на 1-ви октомври – Меѓународен ден на старите лица и оваа година традиционално организираше активности со цел да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, како и потребата за нивна грижа и помош. 
Активноста започна со поставување на информативeн пункт каде се промовираше проектот Грижа на стари лица во домашни услови кој е спроведен од страна на Општинската организација на Црвен крст Куманово, а под покровителство на Општина Куманово.
🤍На 05.10.2023 година во соработка со Здружението на пензионери од Куманово, беше реализирана тематска работилница каде од страна на социјален работник од Центарот за социјални работи од Куманово како и доктор, беа презентирани теми од Законот за социјална заштита, правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и здраво стареење, воедно на 60 лица им беше измерен шеќер во крвта, како и крвен притисок. Исто така, волонтерите од Клубот на млади беа во посета на Домот за стари лица ‘’Зафир Сајто’’ Куманово, каде што беа организирани најразлични активности со цел забава на старите лица.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+5
 
 
 
< врати се назад