октомври 8, 2021
Одбележување на 1-ви октомври- Меѓународен ден на старите лица
На денот на одбележувањето, на 1-ви октомври- Меѓународен ден на старите лица, Црвен крст на Република Северна Македонија -општинска организација Куманово и оваа година традиционално организираше активности со цел да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, и нивната потреба за грижа и помош.
Активноста започна со делење на информативни флаери за права на стари лица и здравствена и социјална заштита. Исто така во просториите на Црвен крст Куманово, се одржа информативно предавање на 25 млади кои пополнија и анкетeн прашалник со цел да се спроведе истражување за перцепции за постоење на дискриминација по основ на возраст меѓу општата популација.
Во текот на денот волонтерите беа во посета во Дом за стари лица ‘’Зафир Сајто’’ Куманово каде им беа поделени совети и флаери за препораки за здрава исхрана, и за да се почувствува топла и пријатна атмосфера од страна на волонтерите им беа однесени колачиња.