март 31, 2021

Одбележување на 24-ти Март, Светскиот ден за борба против Туберкулоза (ТБ).

Согласно насоките на Меѓународната федерација на Црвениот крст и црвента полумесечина Црвен крст на Република Македонија- општинска организација Куманово се приклучи кон одбележување на 24-ти Март, Светскиот ден за борба против Туберкулоза (ТБ). На ден 24.03.2021 нa ЗООМ апликацијата се одржа онјлан едукативно предавање за Превенција од Туберкулоза, под мотото “Часовникот отчукува…за остварување на ТБ целите за 2022 година”. На истата присуствуваа 15 членови на клубот на млади. Целта на оваа едукација беше да се едуцираат младите за тоа што претставува болеста туберкулоза, кои се симптоми на болеста, како да се превенира и како да се лекува. Преку ова предавање успеавме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ. Светскиот ден на туберкулозата 2021 година е можност да да се фокусираме на успесите и достигнувањата, истовремено предупредувајќи за закана од туберкулозата отпорна на лекови и последици предизвикани од пандемијата со КОВИД 19.

< врати се назад