ноември 24, 2023

Одбележување на 25-ти ноември – Меѓународен ден за борба против насилство врз жените

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 24.11.2023 година се приклучи на одбележувањето на 25-ти ноември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените. Имено, преку нашите училишни клубови формирани во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, на наставниот кадар од страна на волонтерите им беа доделени картички со цел одбележување на денот. 
Денес насилството врз жените се препознава сѐ повеќе, како закана за демократијата, бариера за одржување на мирот, терет за националните економии и грубо прекршување на човековите права. Тоа не е само проблем на жените, тоа е одговорност на сите нас.
Со тоа, сакаме да ја насочиме и потребата од подигнување на свеста на целото општество за борба која не треба да трае само еден ден, туку напротив на оваа борба треба да се навраќаме секој ден како наша обврска на граѓани, а се со цел намалување на тишината на оваа појава и спречување на дискриминација на жените. Сите мораме да бидеме уште подобри за да ги заштитиме жените и да го спречиме ова насилство. Треба да покажеме волја, посветеност и да мобилизираме поголеми ресурси за запирање на истото. 🆘
❗СТОП НА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ❗
 
 
< врати се назад