декември 5, 2023

Одбележување на 5-ти Декември – Светски ден на волонтерството

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството, на ден 05.12.2023 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во просториите на Црвен крст Куманово организираше неформална дружба со цел изразување почит и благодарност на волонтерите кои во изминатата година несебично го посветија своето време изразувајќи хуманост и помагајќи на социјалнозагрозени семејства, како и организирајќи најразлични активности од забавен карактер, но со јасна цел. 
Најпрвин беа презентирани резултатите на волонтерите од Клубот на млади, а подоцна на 26 активни волонтери со значаен придонес во реализација на активностите им беа доделени благодарници, како и мали подароци, кои притоа меѓусебе споделуваа впечатоци и искуства од спроведените активности.
❤️ВИ БЛАГОДАРИМЕ ВОЛОНТЕРИ!❤️
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+21
 
 
 
< врати се назад