април 7, 2023
Одбележување на 7-ми април- Светски ден на здравјето
По повод 7-ми април- Светски ден на здравјето, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово, на ден на 07.04.2023 година организираше отворен ден за граѓаните пред просториите на ООЦК Куманово со почеток во 11 часот. Волонтерите од општинската организација Куманово извршија мерење на шеќер во крвта на случајните минувачи каде се одзваа околу 100 граѓани од средна и поодмината возраст