април 7, 2022
Одбележување на 7-ми април-Светски ден на здравјето
Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово во соработка со Здружение на диабетичари на Куманово и OСTУ ,,Наце Буѓони’’ се вклучи во одбележување на 7-ми април-Светски ден на здравјето со цел подигање на свеста за здравјето на луѓето.
Волонтери од Црвен крст на РСМ-Општинска организација Куманово на Градскиот плоштад заедно со учениците од ОСТУ ,,Наце Буѓони’’ поделија флаери со препораки за заштита од превенција од шеќерна болест. Исто така извршија мерење на шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок на вкупно 156 лица.