декември 11, 2023

Одбележување на Недела на борба против ХИВ/СИДА

Во рамки на Неделата на борба против ХИВ/СИДА под мотото “Глобарна солидарност, заедничка одговорност ”, Црвен крст на Република Северна Македонијa – Општинска организација Куманово спроведе 2 едукативни работилници во клубот на млади и една трибина со учениците од средните училишта на тема ХИВ/СИДА. На едукативните предавања беа присутни 160 младинци кои се запознаа со разликите помеѓу ХИВ и СИДА, начини на пренесување, совети за заштита како и практични примери за правилна употреба на контрацептивни средства, а целта на предавањета беше да подигне јавната свест кај младите за превенција и рано откривање на инфекцијата.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад