октомври 12, 2023
Одбележување на Недела на борба против шеќерна болест
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест од 10-16 октомври 2023 под мотото “Здрави животни навики во превенција на дијабетес”.
Со таа цел, на ден 12.10.2023 година во просториите на Здружението на пензионери Куманово се одржа едукативно предавање за шеќерна болест (Diabetes mellitus). Предавањето го спроведе д-р Елена Николиќ и на истото присуствуваа 60 лица. Присутните имаа можност да се запознаат што значи шеќерна болест, типови на дијабет, симптоми и знаци, и како со здрави навики (правилна исхрана и физичка активност) може да се придонесе во превенција или нормализирање на шеќерот во крвта. По предавањето, им беше измерен шеќерот во крвта, како и им се укажа на тоа што треба да преземат за да го нормализираат истиот.