септември 21, 2023

Одбележување на Недела на борба против туберкулоза

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во рамките на традиционалните активности ја одбележа Неделата на борба против туберкулоза која се одбележува од 14-21 септември 2023 година. Во рамките на Неделата , под мотото “Да! Можеме да ставиме крај на ТБ„ Општинска организација Куманово организираше 5 едукативни работилници од кои две во просториите на Црвен крст на РСМ – Oпштинска организација Куманово со Персонални асистенти на лица со попреченост и Негователи на стари лица и 3 во основни училишта. 
130 учесници беа едуцирани за тоа што претставува болеста туберкулоза, кои се симптоми на болеста, како да се превенира и како да се лекува. Преку ова предавање ја подигаме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и го поттикнуваме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+2
 
 
 
< врати се назад