април 18, 2023

Одбележување на недела на хигиенизација – 08-15 април

Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Oпштинска организација Куманово во периодот од 08 до 15 април 2023 година ja одбележува Неделата на хигиенизација, под мотото
“Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.
Во рамките на неделата Општинска организација Куманово организираше 5 едукативни работилници во основни училишта и во градинки на 140 учесници.
Во убава и позитивна атмосфера учесниците имаа можност да се запознаат со тоа што претставува хигиена, како правилно се мијат раце, зошто миењето на раце е важно и како правилната хигиена на рацете има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики.
< врати се назад