април 3, 2022

Одбележување на недела на хигиенизација (08-15 април)

📅Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово во периодот од 08 до 15 април 2022 година ja одбележува Неделата на хигиенизација, под мотото
“Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.
👩‍На ден 15.04.2022 година, нашиот обучен волонтер Никол Ѓорѓевска одржа едукативно предавања на тема „Промоција на хигиена“. 👫 Предавањата ги проследија приближно 20 ученици од клубот на млади.
👉 Во убава и позитивна атмосфера учениците имаа можност да се запознаат со тоа што претставува хигиена, како правилно се мијат раце и зошто миењето на раце е важно и како правилната хигиена на рацете има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики
👉Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и хигиена.
< врати се назад