април 29, 2022

Одбележување на Недела на солидарност

🏥Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово под мотото: “ Вашиот прилог – значајна помош”, од 18 до 22 април 2022 година ја одбележа традиционалната Недела на солидарност.
📍Во рамките на неделата, невладината организација Мерхамет донираше 20 прехрамбени пакети и 👟80 пара детски обувки наменети за социјално загрозени семејства од градот Куманово. Дополнителни 40 пакети со храна 🥪🥖🥐беа дистрибуирани од собирната акција која се спроведе со поставување на пунктови за донација во ,,Тинекс‘‘ и ,,Елида‘‘ маркети. И оваа година според предвидениот план, правните субјекти и граѓаните од Куманово беа навремено известени за времетраењето на собирната акција за помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена и парични прилози, со цел навремено прибирање на донации
< врати се назад