декември 20, 2022
Одбележување на Недела на забоздравствена заштита
Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово во периодот од 15-22 декември 2022 ја одбележува Неделата на забоздравствена заштита под мотото “Здрави животни навики за здрави насмевки”. Со таа цел на ден 20.12.2022 година по повод неделата, во просториите на Црвен крст волонтерите од клубот на млади од глина изработуваа заби и се направи презентација за значењето на оралното здравје кое е клучен показател за целокупното здравје, благосостојба и квалитет на животот.