март 8, 2023

Одбележување на Неделата на борба против ракот

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во рамките на традиционалните активности ја одбележа Неделата на борба против ракот 01-08 март 2023 година. Во рамките на Неделата под мотото “Знаењето спасува живот” Општинска организација Куманово организираше 4 едукативни работилници од кои една во Здружение на пензионери Куманово и 3 со ученици од средни и основни училишта.
126 учесници беа едуцирани како може да се намалат ризиците од развој на карцином со едноставни превентивни мерки и промена на животните навики посебно кај младата популација како што се здрава исхрана и одржување на нормална телесна тежина, практикување на физичка активност, престанок со пушење, конзумирање на алкохол, умерено изложување на сонце и слични навики кои треба да ги усвоиме во секојдневното живеење.
< врати се назад