март 9, 2022
Одбележување на Неделата на борба против ракот
Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово во рамките на традиционалните активности ја одбележа Неделата на борба против ракот. На ден 09.03.2022 година во ОСТУ “Наце Буѓони” се одржа едукативно предавање под мотото “Заедно во борба против ракот” од страна на нашиот волонтер Ивана Стојановска. 49 младинци беа едуцирани како може да се намалат ризиците од развој на карцином со едноставни превентивни мерки и промена на животните навики посебно кај младата популација како што се здрава исхрана и одржување на нормална телесна тежина, практикување на физичка активност, престанок со пушење, конзумирање на алкохол, умерено изложување на сонце и слични навики кои треба да ги усвоиме во секојдневното живеење.