октомври 10, 2023

Одбележување на Светскиот ден на менталното здравје

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на 10.10.2023 година го одбележа Светскиот ден на менталното здравје. По тој повод во ОСТУ ,,Наце Буѓони‘‘ од страна на нашиот истакнат психолог Дивна Јанкова се оддржа трибина на тема „Важноста на менталното здравје во заедницата‘‘. ⛑️
🤍На оваа трибина присуствуваа 50 ученици и беше истакната важноста и грижата за менталното здравје, како да помогнеме на другите и како да се грижиме за своето ментално здравје. Исто така, на трибината беше промовирано и видеото изработено од Центарот за ментално здравје и психосоцијална поддршка. 👥
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад