септември 11, 2023

Одбележување на Светскиот ден на прва помош

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на 07.09.2023 година го одбележа Светскиот ден на првата помош под мотото „Прва помош достапна за сите! Прва помош во дигиталниот свет„.
Традиционално и оваа година организиравме настан кој се оддржа на Градскиот плоштад Куманово во соработка со СВР Куманово и основните и средните општински училишта кои земаа учество на овогодинешниот Општинскиот натпревар по прва помош. Со СВР се одржа заедничка показна вежба, каде се стопираа возила и со помош на обучени волонтери од Црвен крст заеднички се укажуваше прва помош на повреда. Со учениците од општинските училишта се спроведе квиз за проверка на знаењата по прва помош, кој имаше забавен и ревијален карактер. 
Исто така, беше поставен и штанд на кој се промовираше работата на нашата Општинска организација, а воедно со оглед на фактот дека секоја година на милиони луѓе им е нанесена повреда или им е одземен животот поради несоодветен одговор или недостаток на навремено укажана прва помош, ја истакнавме важноста за поседување на знаења и вештини за укажување на прва помош на пошироката јавност. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+26
 
 
 
< врати се назад