април 3, 2023

Одбележување на Светскиот ден на свесноста за аутизмот

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово во рамките на традиционалните активности и оваа година го одбележа 2-ри април- Светскиот ден на свесноста за аутизмот. Општинска организација Куманово организираше интересен и креативен настан на градскиот плоштад каде што беше поставено големо платно на кое секој случаен минувач имаше можност со сликање на сопствената рака да го одбележи овој значаен ден. Исто така, нашите волонтери заедно со граѓаните на градот Куманово си разменуваа различни знаења и искуства во врска со аутизмот. Целта на целиот настан беше да се испрати порака дека лицата со аутизам се рамноправни членови во општеството и дека треба да им се овозможи да учествуваат во сите свери на нашето општествено живеење, а охрабрувачки е фактот што голем број на граѓани се приклучија на активноста, како и го делеа ставот со нашата Организација за потребата на поголема вклученост на овие лица во општеството.

< врати се назад