
Одржан јавен настап на кандидатот за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово
На 12.05.2026 година, во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, се одржа јавен настап на кандидатот за Претседател на организацијата за мандатниот период 2026–2030 година Д-р Нухи Јусуфи. На настанот присуствуваа претставници од Централната канцеларија, вработени, членови на Раководниот одбор и Собранието, лични асистенти и негуватели, млади волонтери и поддржувачи.
Во рамки на јавниот настап беше претставена биографијата на кандидатот д-р Нухи Јусуфи, неговото професионално и волонтерско искуство, како и четиригодишната програма за работа и развој на организацијата. По презентацијата, д-р Нухи Јусуфи одговараше на прашања поставени од присутните, при што се отвори конструктивна дискусија за идните активности, развојот на хуманитарните програми и унапредувањето на работата на организацијата. На крајот од настанот, Секретарот на Општинската организација Куманово како и присутните му посакаа успех во претстојниот изборен процес.



















































