декември 5, 2023
Одржување на трибина „Едуцирај, Информирај, Превенирај!“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Oпштинска организација Куманово во рамките на проектот „Едуцирај, Информирај, Превенирај!“ финансиран од страна на Општина Куманово, на ден 04 и 05.12.2023 година организираше трибини за учениците од основните и средните училишта наменета за едукација и превенција од болести на зависности.
Истите се одржаа во просториите на Занаетчиски Дом Куманово, а беа спроведени од страна на др. Катерина Петковска и врснички едукатор за болести од зависности – Никол Ѓорѓевска. На трибините присутните ја имаа можноста да се едуцираат и информираат за болести кои настануваат како резултат на зависности, како и за начини и различни пристапи самите да се заштитат од истите.
Голема благодарност до сите училишта, ученици и професори кои земаа учество на овој настан.
+7