
ООЦК КУМАНОВО – ДЕЛ ОД УЧИЛИШНАТА ТРКА
На ден 10.11.2026 година, со почеток во 11:30 часот, на
Градскиот плоштад во Куманово се одржа училишна трка, организирана во рамки на активностите на Општинскиот сојуз на училишен спорт – Куманово.
На настанот учествуваа ученици од основните и средните училишта на територијата на Општина Куманово.
Црвениот крст – Општинска организација Куманово, даде свој придонес во реализацијата на настанот преку ангажирање на волонтери кои активно помогнаа во организацискиот дел.
Волонтерите на Црвениот крст се погрижија за делење освежителни пијалаци за сите присутни учесници, со што придонесоа за подобри услови и поддршка на учениците за време на одржувањето на трката.
Со своето учество и ангажман, Црвениот крст – Општинска организација Куманово уште еднаш ја потврди својата посветеност кон поддршка на младите, промоција на спортот, здравите животни навики и волонтерството во локалната заедница.
















































