
март 10, 2026
Ораторска вечер „Револуцијата на една хероина“
На 07.03.2026 година се одржа ораторска вечер на тема „Револуцијата на една хероина“, организиран од Клубот на млади при Црвен крст Битола.
На настанот учество зедоа десет ученици од Црвен крст Битола, како и тројца претставници од Црвен крст Куманово – Ива Додевска, Ален Милковски и Теодора Николовска, кои преку своите говори ја истакнаа силата, храброста и влијанието на жената во општеството. ![]()
Особено сме горди што второто место го освои нашата волонтерка Ива Додевска.![]()
![]()
Голема благодарност до Црвен крст Битола за одличната организација и можноста нашите волонтери да бидат дел од овој инспиративен настан.![]()








< врати се назад











































